Љубов и Секс

Жените признаваат зошто понекогаш излегуваат со мажи кои не им се допаѓаат

Жените признаваат зошто понекогаш излегуваат со мажи кои не им се допаѓаат

На Универзитетот Азија Пацифик неодамна е спроведено истражување во кое учествувале 800 жени, а се однесува на навиките на жените кога се во прашање врските. Резултатите се изненадувачки – дури една третина од испитаничките одговориле дека барем еднаш излегле со маж само за да добијат бесплатна вечера.

33% од жените признаваат дека еднаш или постојано излегувале со маж затоа што тој постојано ги плаќал сметките за вечерите и пијалоците. Третина од испитаничките сметаат дека тоа е целосно прифатливо и дека во тоа нема ништо лошо, додека преостанатите испитанички мислат дека тоа е умерено до исклучително неприфатливо.

Во англискиот јазик, ова модерно се нарекува foodie call, слично на изразот booty call кој се однесува на поврзување со некого само поради секс, а во случајов – само поради бесплатна храна.

извор: кајгана

To top