Доколку досега не сте пробале вакво нешто, дојде времето, затоа што во спалната соба ќе стане навистина жешко.
Често може да забележите луѓе кои користат блутут слушалки кога возат или пак во теретана. Меѓутоа, немојте да се изненадите доколку забележите дека вашиот партнер ги носи во текот на сексуалниот однос. Придружете му се и заедно повеќе ќе уживате во вашиот однос.
Според најновите истражувања кои беа спроведени на интернет сајт за продажба на „TickPick“, дури една од пет личности во просек, користи блутут слушалки во текот на сексуалниот однос.
Дури 20 отсто од купувачите тврдат дека пуштаат “валкани разговори“ кои ги слушаат пред да започнат со сексуалниот однос, а тоа ги прави да бидат уште “подиви“ во сексот.
На истражувачите првата намера им била да откријат како музиката влијае во текот на сексуалниот однос и што најчесто слушаат луѓето преку блутут слушалките. Тие спровеле онлајн истражување во кое учествувале повеќе од 1.000 луѓе.
Се докажало дека дури 57 отсто од луѓето кои ја имаат оваа навика задоволни се од својот сексуален живот.
63 отсто од испитаниците слушаат кантри музика во текот на нивниот сексуален однос.
Во текот на истражувањето се издвоиле и интересни факти од кои еден од нив е тоа што луѓето кои слушаат хип-хоп музика најмногу сакаат „doggy style“.
Тоа што најмногу ги изненади истражувачите е фактот што половина од луѓето кои во текот на сексуалниот однос користат блутут слушалки всушност пуштаат “валкани разговори“ за да се мотивираат за најлудиот секс кој некогаш го имале.
Извор: точка.мк