Иако звучи многу привлечно и романтично, природата не работи во ваша полза кога се во прашање интимните и страствени моменти. Освен тоа што има многу работи кои ќе ви пречат, ризикувате и опасност од инфекции.
А навистина звучи секси: море, плажа, песок, двајца заљубени… Но, не е се така едноставно како што изгледа. Еве зошто сексот на плажа може да се претвори во ноќна мора.
Песокот влегува секаде
Песочните плажи изгледаат како од бајка, но не се идеално место за секс. Ситните песочни зрнца ќе ви се вовлечат речиси во сите делови од телото, а ако ви се залепат за телото, тогаш ќе ви сметаат за време на односот, а можно е и да почувствувате болка ако влезат во интимните делови.
Сексот би требало да биде спонтан
Но, не е. За почеток ќе посакате да ставите нешто под себе, затоа што не можете да бидете голи ниту на песок, а особено не на камења, бидејќи ќе ве боли. Морате да ставите пешкир или ќебе, но за да не ви пречат, ќе мора да ставите камења на краевите за ветерот да не ги вее. Кога ќе го направите тоа, сфаќате дека сепак има премногу луѓе околу вас, па потоа одите да барате поосамени плажи. Кога ќе го направите се ова, подготвени сте за акција. Но, дали? Или попатно сте ја изгубиле желбата затоа што тоа веќе е навистина детално планиран секс.
Секс во јавност
Колку и да е тоа привлечно за некого, многу луѓе не сакаат да бидат изложени на погледите од јавноста, особено во такви интимни моменти. Замислете да ве фати полиција и да ви пише казна за нарушување на јавниот ред и мир. Освен тоа, многу е веројатно дека вашето голо тело ќе заврши на интернет, а тоа навистина не го сакате нели?
На плажа никогаш не сте сами
Инсекти, ѓубре, отпушоци од цигари, скршени шишиња – сите овие работи се составен дел од плажите. Ноќта е специфична затоа што не ни можете да видите што се има околу вас, а бубачките сигурно нема да ве заобиколат. Ако не сакате постојано да мислите на бубачките и останатите инсекти и тоа дали ве гризнале, подобро да ја преместите забавата во вашите четири ѕида.
Не е добро за вашите интини делови
При сексот на плажа воопшто не е невообичаено да заработите инфекција на плажа. Сепак со вашите голи тела сте изложени на можни повреди, особено тоа важи за вашите интимни делови.
извор:курир.мк