Љубов и Секс

Што да правите ако ви пукне презервативот за време на сексот?

Што да правите ако ви пукне презервативот за време на сексот?

Презервативот е добра заштита од сексуално преносливи болести и несакана бременост, а може да се случи тој да пукне за време на сексуалниот однос па уживањето да се претвори во страв и неизвесност.

Тоа не е реткост, но постојат чекори кои можат да се преземат за да се намали ризикот од несакана бременост и сексуално преносливи болести.

Еве што да направите за да го намалите ризикот од пукање на кондомот, и што да направите ако сепак пукне.

Проверете го рокот на траење
Датумот до кој произведувачот гарантира за кондомот, воглавно е испечатен на работ на пакувањето. Водете сметка да го искористите до тој рок.

Правилно чувајте го
Високите температури, но и оние екстремно ниските, влијаат на квалитетот на кондомот, па не е паметно да го чувате во фиока во автомобил. Чувајте го на собна температура. Исто така не е препорачливо да го држите во џеб од фармерки или во паричникот.

Користете го исклучиво само еднаш
Кондомот секогаш е за еднократна употреба. Исто така, два кондоми не значат двојна заштита, бидејќи поради триењето помеѓу нив може да дојде до пукање.

Користете соодветен лубрикант
Не користете лубриканти на база на масло. Луѓето често посегнуваат по вазелин, бидејќи е најевтин, но тој може да го оштети кондомот. Користете лубриканти на база на вода и не штедете на нив, бидејќи тоа може да доведе до пукање на кондомот.

Што да направите ако кондомот пукне?
Ретко ќе почувствувате дека кондомот пукнал, но поради физиономијата, мажот ќе почувствува пред жената.

„Ако парот има анален секс и кондомот пукне, ќе почувствува тој кој го носи кондомот. Исто така кај вагиналниот секс ќе почувствува мажот, а можно е и никој да не почувствува, туку тоа да го открие после односот. Нормално, во тој момент веќе постои висок ризик од бременост или сексуално преносливи болести“, објаснува д-р Наташа Брајан.

Кога зборуваме за полови болести, најдобро е да отидете на лекар и да направите тест за кламидија, сифилис или гонореја, а по потреба и ХИВ.

Ако постои висок ризик од несакана бременост (ако сексуаниот однос бил за време на плодни денови), побарајте од гинеколог таблета за „ден потоа“, која е ефикасна отприлика пет денови после односот, а колку порано ја земете, толку помали се шансите за зачнување.

„Не сакам луѓето да живеат во страв и сакам да знаат дека можат да го контролираат своето сексуално здравје“, порачува д-р Брајан и ги советува сите на кои оваа непријатност им се случила или ќе им се случи во иднина, ако се загрижени да поразговараат со својот матичен гинеколог или уролог. Тој секако ќе ви го даде вистинското решение.

извор:точка.ком.мк

To top