Страницата „Huffpost“ открива зошто вашиот партнер или партнерка кој што одлучил да ја прекине љубовната врска со вас повторно ви се јавува и сака да стапи во контакт со вас. Исто така ги утврдуваат и потребните одговори и факти кои треба да ги земете предвид доколку одлучите да го продолжите контактот.
Доколку вашиот партнер ја прекинал врската со вас и продолжува да ви се јавува тогаш кога сте одлучиле да продолжите понатаму тогаш многу е веројатно целата ситуација да ве потресе.
„Најверојатна претпоставка е тоа што тој се присетува на вашата врска и дека му недостасувате. Можно е да му недостасувате и заради секс или заради чувство на осаменост, но исто така возможно е да сака да биде ваш пријател“ – изјавула психологот Саманта Родман.
Доколку вашата врска завршила на грозен начин, можно е вашиот поранешен партнер да се чувствува виновен заради нешто што направил во минатото и сега се обидува да се искупи за тоа па се обидува да одджи нормален однос со вас. Уште една од можните опции е фактот што вие и вашиот поранешен партнер имате голем број заеднички познаници и пријатели и затоа тој сака да биде во добар однос со вас за да не се најдете во непријатна ситуација доколку некаде се сретнете.
Доколку вие сте таа личност која ја прекинала врската тогаш можно е вашиот партнер да сака да расчисти некои работи после раскинувањето и затоа ви се јавува.
„Многу е веројатно да се јавува за да разјасни нешто што се случило, зошто сте прекинале и да му помогнете полесно да премине преку тоа, да ги намести работите во својата глава“ – изјавила терапевтската Ана Пос.
Сепак имајте предвид дека можеби на вашиот поранешен партнер му е досадно и сака да си го исполни времето со нешто па затоа ви се јавува. Експертите тврдат дека не треба да трошите премногу време за размислување во тоа што сака вашиот поранешен партнер од вас, потребно е да му се обратите и директно и јасно да ги расчистите работите.
Треба да знаете дека имате право да ги игнорирате пораките на вашиот поранешен партнер, особено доколку понатамошниот контакт со него може да наштети на вашето психичко здравје. Од друга страна пак доколку врската која што сте јаимале била здрава и добра тогаш може да одговорите на пораките и обидете се да ги разјасните некои работи на пријателски начин.
извор: точка.мк