Љубов и Секс

Дали сте зависник од порно-содржини? Психолозите откриваат каде е границата

Дали сте зависник од порно-содржини? Психолозите откриваат каде е границата

Кај лицата со компулсивно сексуално однесување, гледањето на порнографија предизвикува мозочна активност која се одразува исто како кај зависниците на дрога.

Актерката Џејда Пинкет Смит неодамна открила дека се борела со зависност од порно-филмови. Подоцна рекла и дека во периодот кога се обидела да апстинира имала нездрав однос кон порнографијата.

Рекла дека користела порнографија за да ја исполни емоционалната празнина.

“Тоа всушност беше како исполнување на празнина, барем мисите дека е, но всушност не е”, објаснила Смит.
Порнографијата во ерата на паметни телефони, таблети и лаптопи станала попристапна од било кога. Додека многу луѓе во неа уживаат на здрав начин, за други може да стане нездрава опсесија.

Тоа што е сигурно е дека порнографијата не е дијагностичко пореметување, барем не се уште.

Долго меѓу психолозите се водела расправа за тао дали е потребно компулсивната употреба на порнографијата да се вброи во завиност.

Во најновото издание на Дијагностичкиот и статистички прирачник за метални пореметувања, нема да го најдете овој проблем. Иако имало некои расправи за додавање на хиперсексуално пореметување кое би вклучувало компулсивна употреба на порнографија, на крајот предлогот бил одбиен поради недостиг на научни истражувања.

Некои експерти велат дека компулсивната употреба на порнографијата би можела да биде манифестација на CSBD, пореметување окарактеризирано од зачестени појави на неуспешно контролирање на интензивни, повторливи сексуални импулси или нагони кои резултираат со повторливо сексуално однесување.

“Голем број на поединци минуваат многу време гледајќи порнографија. Иако тоа само по себе не претставува пореметување во менталното здравје, ако лицето и натаму гледа порно-филмови, а тоа штети на неговите емоции или секојдневието, и кога сака, не може да ја промени таа навика, тоа навистина изгледа како психичко пореметување во иста мерка како зависноста од коцкање”, рекол психологот Рори Рајд.

Мало истражување на Универзитетот Кембриџ од 2014-та година открило дека кај лицата со компулсивно сексуално однесување, гледањето порнографија предизвикува мозочна активност која се одразува исто како кај зависниците на дрога.

Меѓутоа, иако овие наоди се интересни, ниедно истражување не дава докази дека некои поединци се зависни од порнографија, што и натаму не значи дека луѓето не се борат со овој проблем.

За среќа, за оваа зависност постои можност за лечење. Психологот Крис Кингман објаснил дека постојат различни пристапи во лечењето на оваа зависност, како што се индивидуални терапии, терапии за парови, групни терапии и програми за болничко лечење или рехабилитација.

извор:точка.ком.мк

To top