Кога се запознаваат жената и мажот, во првите 10 секунди тој поголемиот дел од времето гледа во нејзините усни. Меѓутоа, доколку постои уште еден детаљ на жената тој нема да може да го тргне погледот од таму.
Резултатите на истражувањата спроведени на Универзитето во Манчестер покажале дека усните се најатрактивниот дел од женското лице.
Во истражувањето во кое учествувале 50 мажи, научниците покажувале фотографии од различни жени со кармин и без него. Во првите десет секунди мажите го фиксирале својот поглед на розовиот кармин во просек 6,7 секунди, додека пак на црвениот кармин нивното внимание го задржале 7,3 секунди во просек.
Кога жената имала кармин на усните, мажите на нејзините очи посветувале во просек 0,95 секунди, додека пак на косата “трошеле“ уште помалку време, 0,85 секунди. Притоа колку што усните на девојките биле пополни толку повеќе внимание привлекувале кај мажите.
Главниот автор на истражувањето, д-р Џеф Бит, вели дека ова истражување докажува дека усните претставуваат еден од најсензибилните делови на женското тело и дека ја играат клучната улога кога станува збор за сексуалната привлечност меѓу луѓето.
„Истражувањето укажува на тоа дека црвените усни и перципираната атрактивност на жената сè уште се нераскинливо поврзани. Црвениот кармин се покажува како најмоќен фактор за привлечност кој значително ја зголемува визуелната фиксација“ – заклучил д-р Бит.
извор: точка.мк