Љубов и Секс

5 причини зошто е одлично да бидете сингл во овие години

5 причини зошто е одлично да бидете сингл во овие години

Ако неодамна сте ја прекинале врската и ви се чини дека немате среќа во пронаоѓање на партнер, немојте да дозволите тоа да ве растревожи или налути.

Предностите од сингл животот се премногу, особено во 20-те години, кога е вистинско време да се запознаете себеси, а ние издвоивме 5 најважни:

1. Чувство на независност
После некое време ќе почнете да сфаќате дека не ви е потребна постојана интеракција со другите луѓе. Ќе ги откриете предностите од тоа да бидете сами со себе и од целосна слобода, без да му „полагате сметки“ некому.

2. Без извинувања
Повеќе не мора да му се извинувате некому за секоја ситница. Тој терет конечно исчезнува од вашиот грб и немате притисок ниту постојана грижа околу изговорените зборови и направените дела.

3. Уживање во односот со другите
После неколку часови и денови поминати во мир и тишина, ќе почнете да ги цените односите со другите луѓе уште повеќе. Ќе чувствувате благодарност за сите работи кои произлегуваат од вашиот однос со другите луѓе за кои претходно не сте биле свесни, бидејќи постојано сте се грижеле за друга личност.

4. Одмор од постојан труд
Врската понекогаш станува исцрпувачка работа. Кога постојано се грижите за туѓата среќа, многу лесно заборавате на сопствената и станувате незадоволни. Кога вие сте главна личност во вашиот живот, станувате и единствена, околу која морате постојано да се трудите.

5. Без туѓи одобрувања
Понекогаш имаме зачестена потреба за барање на одобрување од другите, без разлика дали тоа е партнерот, пријателите или семејството. Нормално, сосема е во ред понекогаш да прашате за мислење или совет, но повеќето одлуки треба да ги донесете самостојно. Кога ќе почнете да поминувате повеќе време сами со себе, ќе научите да им верувате на сопствените инстинкти и многу полесно ќе ги носите одлуките.

извор: точка.мк

To top