Ретко се шегувате со својот партнер и секоја негова добронамерна провокација ја сфаќате сериозно? Токму тоа може да биде главниот виновник за вашиот лош однос.
Џефри Хал од универзитетот во Кансас во текот на 30 години спроведил 39 истражувања кои вклучувале повеќе од 15 илјади луѓе, а според неговите истражувања заклучил дека хуморот е клучниот дел за градење на успешен однос помеѓу паровите, пишуваат од Joyscribe.
Хал потоа објаснува дека партнерите треба да делат слична смисла за хумор за да ги добијат најдобрите резултати од нивниот однос.
„Луѓето велат дека покрај себе сакаат да имаат партнер кој има добра смисла за хумор, но тоа е широк поим. Доколку мислите дека сте смешни или дека од сè можете да направите шега тоа не е причината дека вашата врска може да опстане. За хумор во оваа ситуација се смета оној заедничкиот, поврзан со задоволството на односот кој паровите заедно го развиваат“ – истакнал Хал додавајќи дека е важно партнерите да се следат еден со друг во тој контекст.
„Да кажеме дека вие и вашиот партнер делите чудна смисла за хумор, но романтичните комедии не допираат до вас. Не е работата во тоа што нечиј хумор е подобар или полош, само важно е меѓусебно да се разбирате и да доживеете заеднички чуден хумор како хистерија. Доколку делите смисла за хумор тоа ве афирмира и го потврдува вашиот однос низ насмевка“ – вели Хал.
Во другите истражувања, Хал наведува дека способноста за меѓусебно засмејување гради сигурност помеѓу партнерите.
„Заедничката смеа е важен показател за романтична привлечност меѓу потенцијалните партнери“ – вели тој. Сепак тоа не значи дека треба да се исмејувате со вашиот партнер или да бидете безобразни и сето тоа да го правите на шега, туку треба да имате мерка додека се шегувате на нечија сметка.
извор: точка.мк