Секако дека вашиот партнер за вас е совршен и најдобар. Но, што доколку мора да издвоите една работа која би ја промениле кај него? Можеби не би го откриле тоа на друга личност, но што доколку станува збор за анонимна интернет анкета?
Интернет порталот “Parship” објавил онлајн анкета во која им поставил едно прашање на корисниците:
“Да можете да промените три работи кај вашиот партнер, кои би биле тие?”, а на анкетата одговориле околу 3000 возрасни лица.
Резултатите се следни: дури секоја шеста личност (16 отсто) не би променила ништо кај својот партнер, но преостанатите 84 отсто имале прилично интересни одговори на ваквото прашање.
Топ 3 работи кои мажите би ги промениле кај партнерките
Кај машките испитаници се истакнале две работи кои тие би ги промениле кај своите партнерки: повеќе од 31 отсто сакаат тие да се сексуално поактивни, 26 отсто сметаат дека би било добро кога нивните партнерки помалку би приговарале, а 19 отсто имаат желба девојките да не се толку емотивни, но и да се поуредни.
Топ 3 работи кои жените би ги промениле кај партнерите
На жените не им се приоритет промените во сексуална смисла, туку емотивна: 24 отсто од нив сакаат нивниот партнер почесто да разговара за своите чувства, поголем ред сакаат 23 отсто од жените, а повеќе разговори со своите партнери посакуваат 20 отсто од дамите.
извор: точка.мк