Факт е дека кога се машко-женските односи во прашање, современте мажи се прилично несигурни, а експертите тврдат дека жените се главен извор за машката несигурност.
Овој пат, мажите одговараат – со што жените ги прават несигурни, за дамите да знаат како да се постават наредниот пат за време на флертот.
Ова се главните извори за машката несигурност:
1. Женската убавина
Исклучително убавата жена, веќе „од прва“ го остава мажот без текст, а ако тој природно не е полн со самодоверба, ќе се збуни и нема да го направи првиот чекор, бидејќи мисли дека не ѝ одговара на нејзината убавина.
2. Женската елоквенција
Кога жената пред мажот ќе ја покаже својата интелигенција и речитост, неминовно е дека ќе го импресионира, но и дека ќе го „исплаши“ со својата елоквенција. Мажите пред таквата жена се чувствуваат несигурно, бидејќи сметаат дека немаат адут со кои би можеле да ја засенат.
3. Женската одлучност
Кога жената знае што сака и тоа јасно го бара од својот партнер, мажите често се плашат дека баш тоа што неа ѝ треба тие не можат да ѝ го понудат и со самото тоа се повлекуваат пред одлучна и директна жена.
извор: точка.мк