Дали страста е малку избледена бидејќи сте во долга врска? Нема потреба да се очајувате и да мислите дека повеќе не сте му интересна. Напротив! Можете да ја свртите ситуацијата во ваша корист со примена на следните секси трикови.
Променете ја долната облека.
Вашите драги и удобни памучни гаќички заменете ги со црни чипкасти танги. Знаеме дека не се многу удобни, но обидете се да ги носите барем две недели и да се уверите во нивната моќ.
Договорете тест возење на нов луксузен автомобил со кожни седишта и кажете му дека вие ќе го земате тој ден од работа.
Вие зад воланот на скапа убавина? Тоа дефинитивно ќе го возбуди!
Вратете ги допирите.
Се сеќавате ли како на почетокот на врската постојано сте се допирале додека сте седеле во кино, сте се возеле во автомобил или додека сте се шетале низ улиците? Вратете ја оваа прекрасна и романтична традиција.
Земете курс по француски или италијански јазик
И научете неколку жешки реченици што ќе му ги „сервирате“ во кревет.
Спијте голи
Многу е ефикасно и нема причина да не се обидете, особено затоа што ни доаѓа потопло време.
Заедно погледнете некој стар добар еротски филм.
Порнографија не доаѓа во предвид. Ви треба нешто повеќе интригантно, секси и бескрајно возбудливо и инспиративно.
извор: попара.мк