Живот и Стил

Мачка ноншалантно прошетала по модната писта на брендот Диор во Мароко

Мачка ноншалантно прошетала по модната писта на брендот Диор во Мароко

На огромната модна писта осветлена со десетици пловечки ламби во Мароко, се појавил еден ненајавен гостин.

Имено, во текот на ревијата “Christian Dior Cruise” во Маракеш, на пистата сосема неочекувано се појавила една мачка. Таа се качила на сцената кога сите модели излегле на крајот од ревијата за да се поклонат пред публиката, но со своето “шеткање” ова симпатично животно го украло целото шоу.

Мачката одела во спротивен правец од моделите кои биле облечени во долгите елегантни фустани, тврдоглаво држејќи го својот правец и пробивајќи се кон публиката која воодушевено ја фотографирала и снимала ваквата сцена.

Оваа ноншталантна прошетка на мачката и нејзината спонтаност набрзо станале вирални на социјалните мрежи, пренесува “ABC”.

извор: точка.мк

To top