Заљуби се во некој кој безусловно ќе те сака. Некој кој ќе ги прифати сите твои маани, недостатоци, несовршености.
Заљуби се во оној кој ќе се бори за тебе и покрај тешкотиите и бурите кои доаѓаат во животот. Оној кој ќе ги разбере твоите лудости и твоето (понекогаш) непромислено однесување. Оној кој ќе те смири кога ќе се чувствуваш вознемирено. Оној кој после долга кавга ќе разговара со тебе со многу љубов.
Заљуби се во некој кој ќе го цени твојот труд, а кој ќе те води и ќе ти даде поддршка за да ги оствариш своите цели. Оној кој на крајот на денот ќе биде покрај тебе. Оној кој и со часови би возел само за да ја види твојата насмевка. Заљуби се во оној кој секогаш ќе биде покрај тебе без оглед на тоа што ќе се случи.
Заљуби се во некој кој со своите бакнежи ќе направи да се чувствуваш како најпосебна жена на светот. Некој кој ќе направи во себе да чувствуваш сензуална ерупција. Некој кој ќе ти испее нежна песна за полесно да заспиеш.
Заљуби се во некој кој истовремено ќе ти биде и најдобар пријател и љубовник. Некој кој доцна во ноќта ќе јаде чоколадо со тебе, некој кој со часови ќе разговара со тебе за сѐ и сешто.
Заљуби се во оној кој ќе те засмејува, со кој ќе можеш да се забавуваш. Оној кој гордо и неуморно ќе те држи за рака и кој на сите ќе им кажува дека е вистински среќник што те има тебе.
Заљуби се во некој кој ќе ти простува. Некој кој секој момент ќе го прави момент за помнење. Некој кој ќе ги исполнува ветувањата. Заљуби се во оној кој ќе те почитува тебе и твоите животни одлуки.
Заљуби се во некој кој ќе ја сака твојата душа повеќе од твоето тело. Некој кој ќе ги брише сите твоите грижи, солзи и сомнежи. Оној кој секогаш ќе те разбира тебе и сите твои примени.
Заљуби се во некој кој ќе те направи среќна, оној кој ќе те задоволи и кој секогаш позитивно ќе те изненадува.
извор:Курир.мк