Љубов и Секс

Пет погрешни причини за стапување во брак

Пет погрешни причини за стапување во брак

Пронаоѓањето на сродна душа или личност со која навистина сакаме да го минеме остатокот од животот е прилично романтична идеја, но тоа и понатаму е подобра опција од овие причини за стапување во брак, а кои за жал се сè почести.

Како да ги избегнете стереотипите и да го живеете животот, според вашите лични убедувања, а не како ќе кажат другите? Овие неколку погрешни причини за стапување во брак можеби ќе го дадат одговорот.

1. „Долго време сме заедно, па…“

Паровите кои влегуваат во брак само затоа што се долго време заедно, бидејќи тоа е следниот логичен чекор, многу често имаат поприлично неисполнет живот.

2. „Време ни е, си врват годините“

Сите ваши пријатели се во брак, а вие двајца сте во години во кои треба да стапите во брак? Ако годините не се никаков фактор кога станува збор за забава, зошто се фактор кога станува збор за бракот?

3. „Сите тоа го очекуваат од нас“

Притисокот од родителите и пријателите може да биде силен, но тоа не значи дека поради него треба да направите нешто што можеби не е најпаметен избор.

4. „Ми отчукува биолошкиот часовник“

Трката со времето не смее да стане трка против тоа што е навистина добро за нас.

5. „Финансиски ќе сум згрижен/а“

Финансиите, за жал, се една од најчестите причини за влегување во брак, но таквите бракови се навистина многу ретко навистина среќни.

To top