Во една Фејсбук група за невести се појави фотографија од венчаница која ги згрози жените, а причината е помалку невкусниот дизајн кој авторката на објавата ја асоцирал на нешто што ниту една невеста не би сакала да го слушне за својот фустан.
“Дали сум јас единствената на кого оваа венчаница ѝ изгледа како користен тампон?”, напишала таа покрај фотографијата од венчаницата која се продава на страницата “Dressywomen.com”. Изработена од бел материјал со чипкасти детали, венчаницата на дното е обоена со “dip-dye” техника во комбинација од портокалова, црвена и бордо нијанса, што нималку не ѝ ласка на нејзиниот изглед.
Авторката на објавата не била единствената жена на која венчаницата со кројот, изборот на бои и местото на кое боите се наоѓаат потсетува на употребен тампон.
“Кој би сакал да застане пред олтарот во ова?”, прашала една членка на групата, а друга се пошегувала со одговорот:
“Можеби невестата знаела дека ќе добие менструален циклус на венчавката па не сакала да си ја уништи венчаницата?”, коментирала таа во продолжение. Некои истакнале дека “dip-dye” техниката може да изгледа многу добро, но не и во овој случај.
Сепак, неколку жени не се согласиле околу ваквото мислење, бидејќи како што велат тие, виолетовата боја на рабовите го ублажиле “впечатокот на менструален циклус”.