Љубов и Секс

Имате силна хемија, а одеднаш тој го губи интересот: Каде лежи проблемот?

Имате силна хемија, а одеднаш тој го губи интересот: Каде лежи проблемот?

Хемијата е силна, чувствувате поврзаност. Почнувате да чувствувате возбуда и мислите дека конечно сте го нашле вистинскиот. И одеднаш нешто се менува.

Мажите се програмирани да ловат. Тие уживаат кога нова девојка ги смета за атрактивни, забавни, паметни. Тие прават сѐ што можат за да си докажат себеси дека можат да ја освојат таа жена. Но, еднаш кога ќе покаже интерес и ќе ја освојат девојката, тука нема ништо за докажување. Нивниот страв од посветеност се појавува и нивниот прв инстинкт е бегство. Така се префрлуваат на следното освојување за повторно да си го набилдаат егото.

На мажите на кои постојано им се потребни нови освојувања за да си го набилдаат егото всушност се несигурни. Тие губат интерес во моментот кога жената ќе покаже интерес, затоа што на некој начин се чувствуваат недостојни. Тие мораат да одат во лов по нова жена, за повторно да го вратат чувството на достојност и вредност.

Познавам еден дечко кој еднаш ми кажа дека секојпат кога ќе почувствувал дека ѝ се допаѓа на некоја девојка, веднаш си помислувал дека сигурно не е нешто во ред со неа. Неговата несигурност во себеси го натерала да ја изгуби секоја потенцијална љубов, затоа што не се чувствувал достоен. Мажите кои влегуваат во оваа категорија се емоционално недостапни и никогаш не ни биле заинтересирани да бидат во врска. Па како можете да ги избегнете тие мажи и да привлечете мажи кои се сигурни во себе и кои сакаат да имаат стабилна и нормална врска?

Не паѓајте на маж кој веднаш ви ветува врвови и долини. На вистинскиот, сигурен маж, тоа не му е потребно. Барајте грижлив маж, маж кој е навистина сериозен и кој одвојува време за да ве запознае.

Како да ја градите привлечноста? Мажите се заљубуваат на основа на тоа како се чувствуваат со жената. Ако постојано го гушите и го прашувате каде е, нема да се чувствува добро. Бидете самоуверени, разиграни и сигурни во себе. Забавувајте се. Смејте се. Направете да се чувствува добро во ваше друштво. Бидете девојката која знае да се опушти со пријателите и да се забавува. Немојте да бидете луда, несигурна верзија од себе која постојано прашува каде е и што прави.

Важно

Ако премногу размислувате за иднината и ако прерано сте пресериозни, тоа ќе го исплаши. Ако загуби интерес и се повлече, оставете го. Не влегувајте во драми. Сфатете дека не можете никого со сила да терате да остане..

извор: скопјеинфо

To top