Љубов и Секс

Кога мажите немаат желба за водење љубов?

Кога мажите немаат желба за водење љубов?

Ако сакате вашиот партнер да остане во добро расположение, не ги започнувајте темите кои го намалуваат неговото либидо.

Пари
Парите не се секси тема, освен ако сте добиле на лото и сакате половината да ја поделите со него.

Вести
Вестите и сексот не одат заедно. Политичките и економските проблеми се одличен начин за додавање стрес во вашиот живот, но не и малку романтика и акција.

Фамилија
Без разлика за кои фамилијарни теми се работи, тие не се примамливи од сексуален аспект. Постои соодветно време и место за тие разговори, а пред или по сексот дефинитивно не е тоа време.

Деца
Ако сте еден од паровите кои имаат деца, не ги споменувајте во вакви моменти. Вие сигурно ги обожавате, но таквите разговори не водат кон жежок секс.

Драма
Сите зборуваат дека после кавга „паѓа“ добар секс. Но, таа кавга не треба да вклучува солзи и драматизирање. Дали вие би сакале маж кој плаче пред сексот ?

Болест
Да бидеш болен не е многу возбудливо, па затоа е подобро да почекате додека не се вратат работите во нормалата.

извор:среќа.мк

To top