Љубов и Секс

Невестата морала да спие со сите мажи на венчавката

Невестата морала да спие со сите мажи на венчавката

Девојките кои пред брак ја изгубиле невиноста се обидувале тоа да го сокријат од сопругот така што крварењето го лажирале со сунѓери натопени со крв.

Првата брачна ноќ има посебно место во бројни култури. Колку била важна потврдува и појавата на лажната невиност во Европа во текот на XIX век. Девојките кои пред бракот ја изгубиле невиноста се обидувале тоа да го сокријат од новопечениот сопруг така што крварењето го лажирале со сунѓери натопени со крв или со крв од рибен меур. Исто така, ги шиеле гениталиите за нивните посилна половина да не се посомнева во ништо, пишува “Best Top News”.

Секс со сите мажи на свадбата
На Маркижанските острови во Француска Полинезија првата брачна ноќ започнувала со песна и танц, а потоа и сексуален однос. Новопечената невеста требало да спие со сите мажи кои биле повикани на свадбата, со тоа што прв на ред би бил најстариот маж, а не младоженецот.

Право на прва брачна ноќ
Во средниот век во Европа важело правилото за прва брачна ноќ. Благородниците имале право на невиноста на новите невести. Меѓутоа, во историските списи пишува дека постојат назнаки дека такво право постоело, но дека не се користело. Наместо невиноста, мажот невиноста на својата сопруга можел да ја спаси со плаќање на данок, пишува “Wise Geek”.

Плаќање за невиност
Во африканската земја Бенин, невиноста има цена. Мајката и ветува на својата ќерка дека ќе и даде пари ако се покаже дека била невина на првата брачна ноќ. Како доказ, таа следното утро бара траги од крв на постелата.

Сведоци на првиот секс
Во минатото во Јапонија младоженецот ја пренесувал невестата преку прагот за да обезбеди дека нема да падне и со тоа да донесе несреќа во нивниот брак. Со оглед на тоа дека невиноста на невестата била многу важна, по влегувањето на новиот брачен пар во спалната соба, им се приклучувале однапред избрани роднини и пријатели чија задача била да бидат сведоци на првиот секс на брачниот пар, пишува “Planet Wedding”.

извор: точка.мк

To top