Сигурно сте имале барем една голема врска што завршила и сте се чувствувале заглавени и не сте знаеле како да продолжите понатаму.
Клиничкиот психолог Антонио Паскал-Леоне ова го нарекува „емотивен багаж“ или „незавршена работа“ и зборува за трите чекори од процесот на преболување на раскинувањето и расчистување со врската.
Тој е професор на Универзитетот на Виндзор каде обучува психотерапевти и е директор на Emotion Change Lab и има добиено неколку награди од меѓународни здруженија на психолози, а има објавено и бројни стручни текстови.
Покрај 14-годишното искуство како професор, има одржано над 35 клинички работилници ширум светот, а овој негов говор на TED конференцијата нуди увид во тоа како се однесуваме кога завршува врската, како го насобираме емотивниот багаж и како сознанието дека врската не успеала се одразува на нас како личности.
извор: кајгана.мк