Јелена Карлеуша никако не може да се помири со загубата на нејзината мајка, Дивна, која почина на 3 март оваа година.
Денес, 12 април 2019 год. се навршуваат токму 40 дена од трагичната загуба, па Јелена одлучи да направи нешто посебно, нешто што е единствено и уникатно за нејзината мајка.
Имено, Јелена купи ѕвезда наречена „Дивна“ за нејзината покојна мајка и објави снимка на социјалните мрежи на која покажува каде е ѕвездата на нејзината мајка.
Пејачката тешко ја поднесе оваа загуба и ниту еден ден не помина таа да не сподели во јавноста нешто посветено на нејзината мајка. Така од денес, Дивна се најде меѓу ѕвездите… во небесниот универзум на Јелена!