Љубов и Секс

Сексот е природен лек против главоболки

Сексот е природен лек против главоболки

При водење љубов, во нашето тело се случуваат многу корисни процеси, што позитивно влијаат како на психичката, така и на физичката состојба.

Како што јавува Б92, сексолозите тврдат дека сексот е корисен пред се за работата на срцето, но се препорачува и „против“ главоболки, оти хормоните кои се ослободуваат при чинот, помагаат телото и умот природно да се опуштат.

Интимните односи помагаат и при несоница. Се смета дека тие ја подобруваат и самодовербата, па лесно е да се заклучи дека се и одличен природен антидепресив.

Некои стручни лица тврдат дека сексот посебно е делотворен и како природен лек против грип.

Тука треба да се додаде и опуштањето на мускулите, сјајната кожа како последица од ослободувањето токсини и многу други придобивки.

извор:курир.мк

To top