Неколку мажи кои речиси секогаш се слободни одлучиле да откријат зошто се плашат од врска и изгледа дека стравот нема никаква поврзаност со тоа.
“Не се плашам од врска, само не ја сакам. Ја сакам мојата слобода, сакам да одам на работа и да знам дека никој нема право да ми досадува со глупости. Сакам да дојдам дома знаејќи дека немам обврска да се сретнам со некој. Знам дека тоа не е долгорочно решение, но моментално така ми одговара и сакам да бидам сам”, рекло 25 годишно момче.
“Поголемиот дел од девојките кои ги познавам се плашат да бидат сами и бараат било каков фраер. Мислам дека мажите едноставно не се такви. Нам ни е потребна сигурност која доаѓа со врската, добро ни е и кога сме сами. Моментално немам девојка, имав пред 6 месеци. Сега сум слободен додека не налетам на некоја поради која ќе сакам да сум во врска. Но, не ми паѓа на памет да сум со било која само за да бидам во врска”, вели 30 годишен маж.
“Многу едноставно, бидејќи во неколку минути ќе најдам девојка Тиндер која ќе дојде кај мене на секс без обврска и ќе си замине дома. Ако започне да ми досадува, можам да ја блокирам. Тоа моментално ми одговара многу повеќе отколку да имам девојка”, вели 31 годишен маж.
“Моногамијата едноставно не ми оди. Пробав и никогаш не успеав, па ја изневерував секоја девојка. Мислам дека е фер од моја страна да стојам понастрана од врска и да се држам до ситуации без обврски”, раскажа за крај 40 годишен маж.
Извор: точка.мк