Страст или љубов, прашање кое често пати си го поставуваме кога сме несигурни во која насока се движи нашата врска.
Страста обично води кон љубов. И покрај тоа што физичката привлечност е најчесто првото нешто кое ги спојува паровите, врската не може да опстои само од страст.
Но, дефинитивно на краток временски период може да изобилува со огромна сексуална енергија која ќе ги зближува партнерите.
Од друга страна пак, љубовта побудува сосема различен вид чувства кои тој однос го издвојуваат од останатите видови секс. Па, како да откриете дали имате секс од љубов или секс од страст?
Следните разлики ќе ви помогнат да дојдете до вистинскиот одговор:
Сексот од љубов ве расплакува поради емоциите кои ги чувствувате од и кон вашиот партнер. Сексот од страст ве расплакува бидејќи имате чувство дека веќе никогаш нема да зборувате со оваа личност откако акцијата ќе биде завршена.
Партнерот со кој имате секс од страст се моли да не ги оплоди вашите јајце клетки. Љубовниот партнер не се грижи за тоа бидејќи знае точно што сакате, а што не.
По сексот од љубов, сè што сакате е да лежите во прегратката на вашиот партнер. По сексот од страст, сè што сакате е да го прашате вашиот партнер како се презива.
За време на водењето љубов вие можете да бидете оние кои навистина сте. За време на сексот од страст најчесто сте фокусирани на задоволството на вашиот партнер и целосно ги запоставувате вашите потреби.
Сексот од страст прави да се чувствувате како да сте освоите цел. Сексот од љубов предизвикува да сакате да ја планирате вашата свадба.
Дури и да немате среќен крај, вие се чувствувате задоволно по водењето љубов бидејќи помеѓу вас има интимна и спиритуална поврзаност. Сексот од страст без оргазам е како дочек на Нова година без огномет – разочарувачки.
Има големи шанси предиграта за страсниот секс да започне во некој бар покрај алкохол. Сексот од љубов има поголеми шанси да започне на кревет со рози.
Доколку вашата љубовна врска заврши, вие секогаш ќе го споредувате сексот со бившиот партнер со оној со идниот. По завршувањето на страсната сексуална врска, вие сте отворени да продолжите понатаму и да задоволувате нови потреби.
Сексот од страст ќе ве научи на нови пози кои можете да ги користите со вашите идни партнери. За сексот од љубов нема потреба од акробации за да си поминете одлично.
Сексот од љубов инспирира поеми. Сексот од страст инспирира тажни балади.
извор: курир.мк