Според сексолозите, една од причините зошто треба редовно да практикуваме безбеден секс е фактот што тој позитивно влијае на нашето ментално и физичко здравје, но има и позитивен ефект на имунолошкиот систем. Така, луѓето кои редовно пракиткуваат секс, барем два пати неделно, имаат за 30 отсто повеќе заштитни антитела кои штитат од различни инфекции.
Покрај одличните ефекти за здравјето, малку е познато дека оргазмот придонесува до зголемување на нивото на хормонот окситоцин. Тоа е хормон кој има различни ефекти на нашиот организам. Утврдено е дека окситоцинот го зголемува нивото на наклонетост кон партнерот, а исто така е и докажано дека лицата кои се изложени на повисоко ниво окситоцин развиваат повисок степен на доверба кон партнерот.
Исто така, сексот го намалува ризикот од срцев удар, а освен тоа делува позитивно и на белите дробови и мозокот. Тој е одличен начин на умствена релаксација, а доведува до лачење хормони кои директно позитивно влијаат на кардиоваскуларниот систем. Поради тоа, тој придонесува за намалување на крвниот притисок, а со тоа го намалува и ризикот од инфаркт и мозочен удар.
Освен тоа, сексот е добар и за :
Детоксификација на организмот – ја подобрува циркулацијата, што значи дека органите се подобро снабдени со кислород, а штетните материи од организмот полесно се исфрлаат на отј начин.
Виткост и кондиција – за половина час водење љубов се троши еднаква количина калории како и 20 минутна прошетка.
Добро расположение – оргазамот го поттикнува лачењето на хормонот серотонин, кој е хормон на среќата.
извор:нетпрес