Ако мислите дека вашиот партнер е сосема спротивен од вас, во финансиска смисла, веројатно сте во право. Се чини дека сакаме вакви спротивности, бидејќи тоа ни создава рамнотежа со сопствените тенденции. Тоа значи дека штедачите се во потрага по галантни и обратно. Но, ваквиот избор може да биде добар за вашата сметка во банка, но не и за љубовта. Дали може да се имаат и двете? Еве 5 начини со кои може да се создаде хармонија.
- Разговарајте за парите пред да планирате заеднички живот. Дали сакате партнерот да ви ги плаќа сметките или пак сакате заедно тоа да го правите? Дали ги криете трошоците од партнерот? Дали знаете дека партнерот тајно позајму пари на пријатели?
- Имате одвоени сметки во банка. Можеби звучи чудно, особено за традиционалистите, но модерниот начин на живот едноставно сам го налага ова. На некои можеби им е потребно да ја поделат сметката кога одат во пазарење намирници. Некои пак сакаат сами да си купат автомобил. Ако навистина уживате во сопствената независност, ова е најдобро решение. Но, ако сакате да ја имате контролата во свои раце, тешко ќе замислите дека се ќе плаќате од една сметка.
- Поставете заеднички цели за штедење. Сакате да одвоите пари за летување, за купување куќа? Разговарајте за ова отворено, смирено и договорете се. Ако не се сложувате во овој момент со некои работи, не значи дека е крај на врската, но секако ќе мора да правите компромиси.
- Повеќе се сакате. Според едно истражување, една двојка по кавга, најчесто одат на купување. Овие парови одат во шопинг по кавга поврзана за пари, околу три пати годишно. Ако се обидете повеќе да се сакате, лачите ист хормон кој се лачи за време на купување, така да немате потреба да трошите астрономски суми само за да се смирите по кавгата.
- Одговорности околу парите. Секој од вас треба да знае каде му стојат парите. Истражувањата наложуваат дека двојките се многу поуспешни доколку ги поделат одговорностите.
Ако навистина не сте задоволни од навиките на партнерот поврзани со тоа кој колку троши, дали на време се плаќаат сметките, ратите, тогаш единствен начин да го спречите банкротот е да седнете да се договорите и го пронајдете најдобриот начин да никој од двајцата немора да ги трпи недостатоците на другиот.
извор:попара.мк