Животот понекогаш ни дава непријатни, но важни лекции…
Да бидете предадени од личност којашто ја сакате е една од најлошите работи кои можат да ви се случат. Болните искуства оставаат длабоки траги на нас и на нашите идни односи. Тоа се нашите главни мисли и промени кои ни се случуваат по некое такво искуство. Доброто е што ќе успеете да преживеете и ќе излезете многу посилни на крај, а со тоа и посреќни.
Ова се 5-те фази низ кои поминува секоја изневерена жена.
- Мислите дека животот ви запрел
Вашиот живот имал рутина додека сте биле заедно, а сега одеднаш се тоа исчезнало. Вашиот живот сега е ресетиран, а вие немате поим како да почнете одново. Но, она што морате да го знаете е дека тоа е се привремено, затоа што и пред него сте имале добар живот.
- Си ја преиспитувате сопствената вредност
Што направив погрешно? Зошто ја избра неа наместо мене? Што можев да направам за да го спречам тоа? Престанете да се мачите! Се е во ред со вас, но очигледно дека тој не бил правиот за вас. Тој секако не е повеќе дел од вашиот живот, па така нема смисла да трошите време анализирајќи ги неговите постапки. Концентрирајте се на самите себе.
- Почнувате да градите ѕидови
Вашето срце е преполно со љубовни лузни, а од оваа перспектива ви се чини дека сите мажи се исти. Токму затоа, се плашите повторно да го отворите своето срце, само за да не морате да проаѓате низ тоа од почеток. Но, факт е дека се уште постојат добри момци и затоа е штета ако пропуштите да запознаете добар дечко само затоа што се плашите.
- Почнувате повеќе да ги цените делата од зборовите
Секој може да каже „те сакам“. Во оваа фаза веќе сакате маж кој ќе се потруди околу вас со дела, а не со зборови, затоа што кога ќе кажете „љубов“ мислите на искреност, лојалност, доверба и ништо помалку од тоа.
- Станувате независни
Откако некој ќе ве изневери, а вие повторно застанувате на нозе, почнувате да откривате повеќе нови работи кај себе. Пред се, откривате што се можете, а претходно сте мислеле дека не можете. Сега целиот свет е ваш!
извор:курир.мк