Мажите најчесто не се склони кон вербални покажувања на чувствата, како што тоа го прават жените.
Ако ги прашате нив, многу поважни им се делата. Впрочем, и онака се вели дека делата понекогаш зборуваат повеќе од зборовите, нели?
Затоа, не е ни чудно што мажите за некои работи разговараат само со жената која искрено ја сакаат.
Освен што ужива да биде во ваша близина, постојано да ве прегрнува, постојат и зборови кои ќе ви откријат дека имате осигурано посебно место во срцето на својот партнер!
1. Се плаши дека ќе ве загуби
Иако од некои причини сè уште се промовира ставот дека мажите не смеат да чувствуваат страв, дури и тие кога се заљубени преку глава ќе признаат дека стравуваат дека ќе останат без саканата партнерка. Тој можеби не зборува директно за тоа, но лесно може да сфатите како „дише“ по тоа прашање, ако го прашате што мисли каков би бил неговиот живот без вас.
2. Бара од вас емоционална поддршка
И тие се луѓе од крв и месо и имаат емоции. Не се семоќни иако понекогаш сакаат да се однесуваат како да се. Но, кога целосно ќе им се препуштат на чувствата, ќе ја разбијат и таа бариера и јасно ќе ви дадат до знаење кога ќе им е потребна помош.
3. Секасуални фантазии
Иако тие сè уште се табу тема за многу врски, повеќето после некое време доволно се опуштаат и откриваат за што всушност фантазираат.
извор: точка.мк