Патем, дали знаете дека најдолгиот забележан бакнеж – или серија на бакнежи – траеше 58 часа? Еkkachai и Laksana Tiranarat го поставија овој светски рекорд во 2013. година, почнаа да се бакнуваат на 12.02, а „бакнежот” го завршија на Денот на вљубените. Колку и да ви звучи лигаво, можеби ќе сакате да го оборите нивниот рекорд кога ќе ги прочитате сите позитивни ефекти од бакнувањето.
Го зајакнува вашиот имунитет
Нема да верувате, но со размена на плунка (бактерии), всушност, го зајакнувате имунитетот.
Согорува калории
Поточно, од две до шест калории во минута. Океј, знаеме дека не е како да одите во теретана, но ако инвестирате доволно време…
Ја одржува кондицијата на мускулите на вашето лице
Според истражувањето, за време на бакнувањето, 30 мускули на вашето лице се активни и докажано е дека многу бакнежи го зацврстуваат лицето.
Ве релаксира
Хемијата зад целата работа е едноставна – бакнувањето ги зголемува нивоата на окситоцин (задолжен за чувството смиреност), ендорфините (задолжени за среќа) и допаминот (задолжен за чувство на романтична поврзаност).
Ви помага при изборот на „вистинскиот“
Всушност тоа е хемиски начин да ја тестирате вашата генетска компатибилност со вашиот партнер.
Страстните бакнежи се добри за вашето орално здравје
Францускиот бакнеж го зголемува протокот на плунка во вашата уста, а добриот проток на плунка е клучен за здравјето на вашите непца.
Го намалува стресот
Освен што ги ослободува хормоните поврзани со среќа, бакнувањето го намалува нивото на кортизол, стрес хормонот.
Го намалува крвниот притисок
Фактот што вашето срце почнува забрзано да чука за време на бакнувањето всушност значи дека вашиот притисок се намалува и вашите крвни садови се шират, што значи дека доаѓа повеќе кислород во вашето тело.
Ја смирува главоболката
Знаеме дека идејата изгледа смешно, но бакнувањето го забрзува протокот на крв, а сиромашниот проток на крв често може да биде причина за главоболка.
извор:попара.мк