Љубов и Секс

Како на партнерот да му овозможите незаборавен оргазам?

Како на партнерот да му овозможите незаборавен оргазам?

Во машката перспектива постојат оргазми и оргазми со големо О. Која е разликата? Епа овие вторите се многу поинтензивни, долго се помнат, а мажите доживуваат неверојатно уживање. Време е на партнерот да му овозможите нешто такво.

Една вечер уживање

Добар оргазам за мажот е еднакво како и ладно пиво по напорен ден – награда за добро завршената работа. Работата во овој случај е сексуално да ве задоволи вас. Добриот дел од сексуалното уживање за мажот се однесува на зајакнување на егото. Имено, тој се чувствува посилен и подобар кога ќе сфати дека ве задоволил. Токму поради тоа многу мажи го одложуваат својот оргазам за да може партнерката да го доживее својот. Но, колку е тоа паметно? Сексот на тој начин станува битка во која неговата цел е нејзиниот оргазам, а од приказната излегува она основното – заедничко делење на уживањето. Решението е жената на својот партнер да му даде слободна вечер, со други зборови, одвојте една вечер во неделата, мазете го, пазете го, односно неговото уживање нека биде приоритет.

Апстиненцијата како афродизијак

Прашајте го било кој маж на светот – сексуалната апстиненција е најмоќниот афродизијак на светот. Ако ја немате поради бизнис патувања, создадете ја вештачки. Скратете го сексот на ден или два, а во тоа време провоцирајте го. Како? Покажете невино деколте и во вообичаен разговор внесете некои секси зборови.

Долга предигра

Како да го доведете до состојбата на анимална страст? Долга предигра! Мажите многу ја ценат долгата предигра. Предиграта всушност создава одредена напнатост во мускулите, ама онаа позитивна напнатост која потоа резултира со будење на гениталното подрачје. Колку е посилен притисокот, толку посилно ќе биде и уживањето во сексот, а потоа следи незаборавен оргазам. Предиграта за вечерниот секс можете да ја започнете наутро. Прошетајте гола пред него или полека мачкајте се со млеко за тело, но не му дозволувајте да ве допира. Во текот на денот праќајте му секси пораки, а може и по некоја секси фотографија. Дозволете и на фантазијата да си поигра до вечерта, а потоа ќе ве чека вистински огномет.

 

иѕвор:курир.мк

To top