Љубов и Секс

Дали знаете што е „Phubbing“?

Дали знаете што е „Phubbing“?

Овој „нов“ тренд може да ви ја уништи врската!

Ако бидемe искрени, нема ништо ново во phubbing-от, само што лошите навики кои ги развиваме веќе некое време конечно добија име. Phubbing сега е официјалното име за она што сите повеќе или помалку често го правиме – игнорирање на партнерот, бидејќи вие сте на вашиот мобилен телефон додека сте заедно. Можете да го слушате она што ви го кажува, но ако гледате во мобилниот телефон, а не во него, сигурно ќе се почувствува запоставено.

Она што е уште полошо, луѓето обично ова го прават несвесно, а другото лице со право може да го протолкува како навистина да не се грижите.

Еден од добрите начини да спречите phubbing, пред вашиот мобилен телефон да почне да ја уништува вашата врска е да се предупредувате меѓусебно кога ќе го правите тоа. Другиот начин е директно да побарате внимание и да му кажете на вашиот партнер да го остави телефонот, кога ќе почувствувате дека се „губи во екранот“.Почнете да дејствувате пред да почне „скролањето на Фејсбук“ да го заменува вашиот вечерен секс.

Покрај вашите романтични врски, phubbing-от може да биде кобен и за вашите пријателства, како и за семејните односи. Дали сте забележале дека не ги одвојувате очите од екранот дури и кога вашата мајка ги раскажува најновите озборувања од вечерата со своите пријателки?

извор:попара.мк

To top