Живот и Стил

Родила 6 бебиња за девет минути: Шансите за ова биле 1:1,47 милијарди

Родила 6 бебиња за девет минути: Шансите за ова биле 1:1,47 милијарди

Докторите во Хјустон, Тексас останале во неверување кога Телма Чиака за само девет минути родила 6 бебиња. Таа на свет на 15 март донесе четири машки и две женски бебиња.

Во болницата рекле дека шансите да ги роди сите 6 бебиња се 1 спрема 1,47 милијарди. Бебињата се родиле помеѓу 4:50 и 4:59 минути.

Бебињата се во стабилна состојба, иако имаат помеѓу половина килограм и килограм, но ќе бидат задржани на одделението за неонатологија додека не стекнат поголема килажа.

Телма се чувствува добро и на девојчињата веќе им се дадени имињата Зина и Зуриел. Меѓутоа, машките деца сè уште немаат имиња.

извор:кармин.точка

To top