Сексот за една ноќ остава многу поголема трага отколку што се мисли, пишува „Менс хеалт“.
Студија објавена во научното списание „Journal of Sex Research“ направена на околу 4.000 студенти, покажа дека врската без обврски, сексот за една ноќ ли сексот со странец го намалува животното задоволство за 10 проценти, 15 отсто од испитаниците се чувствувале депресивно, а 17 отсто од нив почувствувале анксиозност.
– Сепак, сексот без обврски не може да биде виновникот за ова, туку поголема е веројатноста дека депресивните, нервозните, несреќни луѓе повеќе се впуштаа во ваков вид на авантура, отколку останатите – вели коавторот на студијата и доктор на науки на Универзитетот во Калифорнија, Мелина Берсамин.
Според една неодамнешна студија во списанието „Journal of Personality and Social Psychology“, пак, жените се подеднакво расположени за секс без обврски колку и мажите,се додека сметаат дека добро ќе си поминат.
извор:курир.мк