Станува збор за позата со која многу лесно ќе покажете кој е главен. Не е тајна дека мажите од некоја причина седат со раширени нозе, а изгледа дека тој став е сè попопуларен и кај жените.
Овој начин на седење доби и официјален назив, па во Оксфорд речникот по англиски јазик можете да го пронајдете и под името “man spreading” што во превод значи “машко ширење”. Интересно е дека тој начин на седење е забранет во јавниот превоз во Мадрид и Њујорк, бидејќи така мажите заземаат повеќе од едно место за седење.
Сепак, станува збор само за поза, па можеме да се согласиме дека “woman spreading” е безопасно и всушност навистина кул.
Овој тренд многу брзо го прифатиле и бројните славни ѕвезди како Клои, Ким и Кортни Кардашијан.
Мајсторот за таквото позирање е Емили Ратајковски која може да им одржи лекција на сите како да го заземат тој став.
Манекенката Елса Хоск исто така знае добро да позира на овој начин, а на овој тренд не одолеа ниту Криси Тиген и други бројни модни блогерки.
Извор: точка.мк