Најголем број на склопени бракови во Европска Унија бележи Литванија, а најмалку во Словенија, велат податоците од Европската статистичка агенција објавени на 14-ти февруари, на денот кога ширум светот се одбележува Денот на вљубените.
Во ЕУ во просек се склопуваат 4,3 бракови на 1000 жители, а далеку поголема стапка од просечната е регистрирана во Литванија (7,5) и Романија (7,3).
По речиси седум бракови на 1000 жители бележат Летонија и Кипар, покажуваат податоците на Евростат кои се однесуваат за 2017 година.
Во Србија се склопуваат 5,1 брак на 1000 жители, во Хрватска – 4,9, во Црна Гора – 5,3, Албанија – 7,9, Косово – 9 (податоците за Косово се за 2016 година), а што се однесува до Македонија, се склопуваат 6,6 бракови на 1000 жители.
Од друга страна, најмалку склопени бракови (малку повеќе од 3 на 1000 жители) се забележани во Словенија, Италија, Луксембург и Португалија.
извор: точка.мк