Според некое непишано правило, велат дека жените знаат понекогаш да излажат за годините, а пак мажите за снтиметрите.
Но, она што генерално важи, е дека жена не се прашува колку години има. Како бројките се зголемуваат, некои дами не преферираат да ги откријат, но има и такви кои немаат комплес од годините и ги кажуваат со гордост.
Една од нив е пејачката Татјана Лазаревска која денес го слави својот 44-ти роденден. Тоа што е длабоко во петтата деценија не ја демотивира да го слави роденденот и на сите да им открие во која животно доба е.
-Денес имам 44, па што?- напиша Лазаревска во описот на фотографијата каде на своите следбеници на Инстаграм им откри дека денес е нејзиниот ден.
Исто така ја откри и најсилната страна на својот хороскопски знак водолија:
-Таа е челична дама која се може да поднесе и која никој не може да ја победи, се опиша пејачката во неколку збора според каракреристиките на атрологијата.
View this post on Instagram
Инаку, Лазаревска, нејзиниот сопруг Новица и двете деца, веќе неколку години живеат и работат во Австралија, но не ја завораваат и Македонија каде често доаѓаат во посета на семејствата, родините, пријателите и секако за по некој настап.