Да ја натераш партнерката да постигне вагинален оргазам значи само едно – совршен сексуален живот. Бидејќи одамна е докажано дека токму овој вид екстаза е силен поттик за уште и уште секс. Пред време се сметало дека многу малку жени можат да го доживеат, но последните истражувања ги прават прав и пепел овие бесмислици. Браво!
Вистина е дека секоја жена може да постигне вагинален оргазам. Вистина е дека тој е многу попријатен од клиторниот. Вистина е дека се случува малку потешко, но со прави насоки може да се претвори во незаменлив дел од сексуалните контакти. Како? Запознајте се со неколку совети кои и двајцата партнери треба добро да ги запомнат.
Како за почеток поработете врз психичкиот став. Бидејќи оргазмот (од кој и да е вид) не смее да биде цел! Целта е задоволството. Доколку се фокусирате на оргазам, речиси сигурно е дека нема да го доживеете. Потоа доаѓа времето и местото – ако партнерите се загрижени или вознемирени, екстазата сигурно ќе им бега. Но до тука со психата, да пореминеме на вистинската цел.
Заборавете на стимулирање на клиторисот за време на секс. Тактиката е точно обратна – овие работи се прават пред сексуалниот контакт. Галете го со прсти и јазик клиторисот, но не и дозволувајте да заврши. Силната возбуда е од клучно значење за вагиналниот оргазам.
Пробајте различни агли на пенетрација и различна сила на притисокот. Некои точки во вагината имаат потреба од поголем притисок. Само што не го правете одеднаш, бидејќи може да предизвикате болка. Само постепено зголемувајте ја јачината на пенетрацијата и по реакцијата на партнерката. Ако ја слушнете лудо да вреска или пак ве притиска посилно до себе, тогаш сте на вистинскиот пат.
Не заборавајте дека на прво место оргазмот доаѓа од мозокот.
Па како што гледате, не е толку голема филозофија озлогласениот вагинален оргазам. Па, ништо не ви пречи да го направите сексот многу повозбудлив и незаборавен.
извор:попара.мк