Љубов и Секс

Од страст до рутина: Фазите низ кои поминуваат сите парови во долгите врски

Од страст до рутина: Фазите низ кои поминуваат сите парови во долгите врски

Сите љубовни врски имаат подеми и падови. Доколку некој ве убедува дека неговата врска е совршена после долги години поминати со партнерот, веројатно ве лаже или самиот живее во заблуда. Подемите и падовите се нормална работа.

Но, дали се менува сексуалниот живот во долгите врски? Стручњаците за врски сметаат дека одговорот е потврден, а ова се фазите низ кои сите парови поминуваат.

Страст

Почетокот од секоја врска го одбележува „опседнатоста” со новиот партнер. Тогаш, мозокот произведува големи количини хормони кои даваат чувство на среќа (допамин и серотонин), а партнерите имаат многу страст и се незаситни.

Долги предигри и галење

Во оваа фаза, партнерите ги смируваат страстите и уживаат во нежните допири. Тогаш, предгорите се подолги отколку во првата фаза и многу поважно им е чувството на сигурност од брзиот секс. Во оваа фаза полека поминува слепата заљубеност и може да се почувствува каков ќе ви биде сексуалниот живот, пишува Дејли Мејл.

Игри на моќ

Сега веќе е јасно кој го има главниот збор во врската, но и во креветот. Во оваа фаза, партнерите неретко користат секс или дури му го кратат сексот на партнерот за да постигнат некоја цел.

Флертување со други

Во оваа фаза, двајцата сфаќаат дека постојат и други луѓе околу нив, а ретко се случува истовремено да поминуваат низ неа, па не е случајно што токму во оваа фаза врските пукаат. Нормално, сето ова се одразува и на сексуалниот живот, па паровите се повеќе ги забележуваат меѓусебните разлики.

Родителство

Период кога партнерите се привикнуваат на новите животни улоги на родители. Ненаспаноста поради обврските околу децата се одразува и на квалитетниот секс и во овој период има најмалку сексуални возбуди помеѓу партнерите.

Рутина

Независно од тоа дали имате деца или не, дали сте венчани или не, вашата љубовна врска во еден момент веројатно од забавна и турбулентна ќе премине во функционална. Со други зборови, освен љубовни партнери, сте станале и тим кој одлично функционира. Сексот е рутински, а страста и креативноста речиси исчезнале. Тешко е да се помине оваа фаза, а таа обично настапува околу 11 години од врската или бракот. Интересно е што во западниот свет токму толку во просек траат браковите.

Стареење

Оваа фаза најчесто настапува кога децата ќе го напуштат родителското гнездо, а партнерите добиваат прилика повторно да се посветат на себе.

Повторно заљубени

Интересно, но многумина тврдат дека сексуалниот живот им бил наjдобар во шеесеттите и седумдесеттите години од животот. Некои се склони да кажат дека оваа фаза од животот им ја одбележале уживањето, поврзаноста и нежностите.

извор: кајгана.мк

To top