Дами, доколку не сте расположени за секс овој викенд, може да воздивнете, бидејќи најновото истражување вели дека постои врска помеѓу водењето љубов и деновите во неделата или месецот.
На женското либидо влијаат разни надворешни, но и внаатрешни фактори, додека машката желба за секс изгледа дека секогаш е иста, силна и изразена.
Доколку мислевте дека жените се расположени за секс само за викент, тогаш се лажете. Всушност се работи за специфични денови во месецот.
Либидото е најсилно непосредно пред и за време на плодните денови, поточно, многу брзо по завршувањето на „оние денови“.
Меѓутоа, освен хормоните, на желбата за секс влијае и цела низа на фактори, а меѓу останатото и кој ден е во неделата. Истражувањето спроведено со слободни и жени во сериозни врски, открило дека слободните жени најчесто водат љубов во понеделник, додека оние кои се во врска, акцијата ја оставаат за петок или сабота.
извор: точка.мк