Заслужуваш подобро. Јас навистина верувам во втори шанси.
Како човечко суштество со многу маани, од прва рака имам искусено колку е лесно да се направат грешки и несвесно да ги разочараш луѓето. И секогаш сум била многу благодарна кога тие луѓе ми давале втора шанса за да им надоместам.
Но, јас никогаш не ги правев тие грешки два пати, затоа што се грижев за личноста и тоа што еднаш веќе сум ја повредила беше доволно за да внимавам да не се случи повторно. Во други ситуации, луѓе ме разочарувале и рекле дека им било жал, се однесувале како да им е жал, но потоа ја правеле истата грешка. Пак. И пак.
Очигледно е дека имам расчистено со тие луѓе, затоа што тие не се грижеле доволно за да си го променат однесувањето кон мене.
Да кажеш дека ти е жал не е исто со тоа навистина да ти биде жал. Дејствата секогаш се погласни од зборовите и ако некој навистина не сака да те повреди, тогаш ќе се погрижи да не те повреди.
Тоа што некој не се грижи за твоите чувства е сосема валидна причина да раскинеш. Ако тие не се трудат да те земат предвид кога нешто прават, тогаш зошто треба да останеш со нив?
Да, сите прават грешки и важно е да го разбереме тоа.
Околностите се различни за сите и не постојат правила по кои треба да живееш.
Но, ако некој постојано те разочарува и не го менува своето однесување, тогаш треба да си заминеш.
Ти заслужуваш повеќе од некој кој се грижи за тебе исто колку што и ти се грижиш за него. Мислам дека тоа е правило со кое сите можеме да се согласиме.