Љубов и Секс

5 нешта на кои може да мислите за време на секс кои ќе ја вжештат играта

5 нешта на кои може да мислите за време на секс кои ќе ја вжештат играта

Според некое непишано правило, за да уживате во сексот треба да ги смирите своите мисли или целосно да ги исклучите. Тоа не е едноставно, но во исто време не е ниту правилно.

Всушност, мозокот кој мисли на претходни оргазми, на сензациите, на чувството што го има за време на секс, тогаш лесно ќе може да ја одржи целата игра на високо ниво, без да се изладат страстите.

Лесно е да го контролирате својот ум, па да можете да го вклучувате по потреба за време на секс.

А некогаш, навистина ви е од корист. Еве на што можете да мислите за самите да ја поткренете жешката атмосфера:
Своите сензации
Фокусирајте ги мислите само на она што ви се случува во моментот, на дишењето, на звуците, на сопирите со партнерот. Мислете на пријатните морници што ги имате во интимните делови на своето тело и на пеперутките кои леткаат во вашиот стомак.

5-neshta-na-koi-mozhe-da-mislite-za-vreme-na-seks-koi-kje-ja-vzheshtat-igrata-02.jpg

Своите фантазии
Не треба да чувствувате вина доколку своите самостојни фантазии ги вклучите во сексот. Не мора да ги кажувате гласно, туку размислувајте за омилените фантазии или еротски сцени. По некое време можете и да ги применувате.

Своето најдобро сексуално искуство
Наместо да мислите на фиктивни сценарија, сетете се на најдоброто сексуално искуство кое сте го имале во животот. Можеби не е многу коректно, но сигурно ќе добиете некоја идеја како сексот со партнерот да ви биде уште подобар.

5-neshta-na-koi-mozhe-da-mislite-za-vreme-na-seks-koi-kje-ja-vzheshtat-igrata-03.jpg

Емоционалната конекција со партнерот
Размислувајте за она што ве поврзува со партнерот и што ве донело токму таму каде што сте. Можеби и нема подобар начин на возбуда од тој.

Што сакате од сексот
Размислувајте на саканиот исход. Дали сакате да бидете вие задоволени, дали сакате да го задоволите партнерот или пак, сето тоа да е взаемно.

To top