Дури и да не сте посветени на јогата, секогаш можете да „украдете“ по некоја техника или филозофија и да ги применувате за свое добро.
Кога е во прашање сексуалната енергија, една од најдобрите е позата наречена мост, со која се вежба карлицата, нејзината флексибилност и протокот на крв во тој дел. Исто така, се отвораат и срцето и колковите што дозволува голем проток на енергија.
Но, најважно од сè е да научите како правилно да ја изведувате, за да избегнете повредување.
Движењата нагоре-надолу при оваа поза всушност го ставаат срцето над висината на главата, а со тоа всушност мислите ви се „заземјени“, а остатокот на телото е активен.
За да успеете ефикасно да правите мост, стапалата треба да бидат поставени на ширина на колковите, а притисокот никогаш не треба да биде врз вратот, туку да се поткревате со помош на плешките и рамениците.
Исто така, не треба премногу да ги отворате колената, туку најдобро е да бидат во иста линија со глуждовите.
Погледнете го видеото како правилно се изведува оваа поза и доколку не можете од прва да успеете, не се форсирајте, за да не дојде до повреди: