Експертите сметаат дека прељубата може да се случи во секоја љубовна врска, без оглед на тоа колку истата изгледа цврста и стабилна. Неверството може да го предизвикаат бројни фактори, но еден специфичен фактор има најголем удел во тоа.
Според искуствата на многу терапевти, специјализирани за проблемите на љубовните парови, една навика е најчест причинител за неверство.
Се работи за – избегнување на конфликти. Многумина од нас ги држат во себе своите емоции, а тоа станува посебно штетно доколку во прашање се негативни емоции, сомнежи или проблеми. Иако сметате дека со потиснување на тие негативни чувства правите добра работа, во одреден момент ќе почнете да замерувате на проблеми за кои всушност никогаш не сте зборувале.
Наместо да се свртат кон отворената комуникација, партнерите најчесто се свртуваат кон другата личност и со тоа доаѓа до неверство.
Експертите сметаат дека единствено со искрен разговор можете да спречите прељуба, а пред тоа размислете на следниве прашања:
1. Постои ли нешто што не можам лесно да го споделам со партнерот?
2. Зошто се плашам да го споделам тоа?
3. Што е она што всушност ми треба од него, а го игнорирам?
4. Која е клучната работа за моето добро, а не го добивам тоа од него?
Конфликтот е природна работа и затоа не смееме да се плашиме ниту да го избегнуваме бидејќи благодарение на него, двете страни често добиваат прилика да дознаат кои фактори создаваат проблеми во врската. Доколку ги избегнувате, тоа лесно може да доведе до замерување и презир на партнерот.
Угледниот психолог Џон Готман, професор на универзитетот Вашингтон и основач на институтот Готман кој повеќе од 40 години ги проучува љубовните односи, всушност го смета презирот за најголем непријател на браковите и врските.
Тоа негативно чувство на неодобрување пропратено со лутина и отфрлање е многу полошо од класичната фрустрација бидејќи презирот укажува на тоа дека партнерот не ве гледа како некој што е еднаков на него, туку смета дека вредите помалку.
извор:кармин.мк