Љубов и Секс

Како да разговарате со партнерот ако тој сака да си ги кажете лозинките, а вие не?

Како да разговарате со партнерот ако тој сака да си ги кажете лозинките, а вие не?

Вие и вашиот партнер знаете сè еден за друг. Ја знаете вашата омилена храна, омилени филмови, алергии и семејна историја. Се сакате целосно, но каде е границата помеѓу тоа да знаете сè и да ја почитувате вашата приватност?

На пример, можеби партнерот сака да си ги кажете лозинките, а вие не, и ова може да ве стави во тешка положба. Сепак, тоа е ваш телефон, ваш Инстаграм профил, ваш имејл и немате што да криете. Дали има потреба да ја споделите лозинката?

Ако воопшто не се согласувате со оваа идеја, а партнерот постојано ве притиска, може да биде тешко да најдете заеднички јазик. Добро е за почеток да се обидите да разберете зошто партнерот го сака тој чекор. Ова барање може да значи неколку нешта за кој било партнер, како на пример, симбол за близина и созревање во врската. Ако барањето е на оваа основа, најдете начин да ја создадете потребната близина така што ќе ви одговара и на двајцата.

Но ова барање може да значи и недостаток на доверба и желба за „душкање“. Ако барањето потекнува од проблеми со довербата, потребно е да најдете што го предизвикало тоа и како одново да ја изградите. Во овој случај можеби и ќе треба да се согласите и да ја кажете вашата лозинка. Кога ќе ја разберете причината на партнерот, ќе знаете и што му е потребно за врската да функционира и дали тоа е нешто што можете да му го дадете.

Ако сметате дека партнерот ви бара лозинка затоа што не ви верува, мора да разговарате за тоа Наместо веднаш да се почувствувате повредено или навредено бидејќи партнерот не ви верува, обидете се да ја најдете причината. Можеби проблемот е посериозен отколку што мислите. Откако ќе го разберете партнерот, вам ви е редот да објасните зошто не сакате да си ги кажете лозинките. Можеби едноставно сте личност што ја сака својата приватност и не сакате да споделувате сè.

На крајот од краиштата, не сте должни никому да ја кажувате вашата лозинка. Ако вашиот партнер има големи проблеми со довербата во врската, тоа е сосема друг разговор. Но ако причината е желба за поврзаност, објаснете му колку ви значи вашата приватност.

извор:кафепауза

To top