Во новогодишната ноќ МТВ и екипата на популарната ТВ серија „Преспав“, приредија одлично тричасовно шоу, збогатено и со музички гостувања на голем дел од нашите најпознати пејачи: Влатко Лозаноски, Росана Сариќ – Тодоровска, „Паркети“, Никола Перевски – Пере, Гуру Харе, Тања Тас, Ѓоко Танески, Бојан Стојков, Наум Петрески…
Особено впечатлив беше заедничкиот настап на актерите Јелена Јованова и Васил Зафирчевсо Тијана, Каролина и Вера од „Љубојна“, кои му оддадоа чест на својот легендарен колега Тоше Проески, изведувајќи го неговиот хит „Во коси да ти спијам“, а видеото го споделила и Каролина на својот Фејсбук профил.