Љубов и Секс

Како да го направите сексот повозбудлив за Нова година?

Како да го направите сексот повозбудлив за Нова година?

Празниците се оној магичен период од годината каде сите сакаме да даруваме нешто со цел на другите да им причиниме насмевка на лицето.

Доколку подарокот што го одбравте за Вашиот партнер не е доволен, или чувствувате дека не е целосно задоволен од истиот, секогаш има начин како да ја подобрите ситуацијата. Запоменете дека не е толку важно што ќе ставите под елката, доколку практикувате некои од советите што следуваат:

СЕКС ИГРАЧКИ

Пробајте покрај редовниот новогодишен подарок да подметнете и некоја интересна секси играчка, со која  ќе му наговестите на партнерот, дека следува нешто интересно и возбудливо.

ТАЕН СЕКС

Тајниот секс можеби е и највозбудливото нешто за Вашиот парнтер доколку се случи сосема спонтано. Идејата: каде, на кое место, на која локација… –  оставаме да биде Ваша одлука, во зависност од можностите и приликата кога ќе можете тоа да го изведете.

НОВОГОДИШНИ КОСТИМИ

Кога мислиме на новогодишни костими, тоа не значи дека треба да го практикувате клишето познато како Баба мразица во секси издание. Напротив, одете во најблиската продавница или побарајте по онлајн продавнциите и ќе најдете интересни костими на новогодишни кукли во машка и женска верзија. Можеби онлајн пребарувањето ќе ви открие и други интересни идеи.

ТРЕТИРАЈТЕ ГО КАКО РОДЕНДЕНСКИ СЕКС

Посветете му го целот ваше внимание, а пробајте да остварите и некоја негова фантазија која одамна ја посакува.

УПОТРЕБЕТЕ СЛАТКИ ЗАДОВОСЛТВА

Шлагот, кремот, пудингот, стопента чоколада и другите слатки остатоци не мора да завршат во кантата за отпадоци, напротив можете и на друг начин да ги искористите.

 ПАТУВАЊЕ

Можеби и најдобриот совет е да земете неколку дена и да ги потрошите на некое изолирано место без многу контакти со луѓе за да може целосно да се препуштите на сексуалните активности за новогодишните празници да ви поминат – возбудливо. Можеби, највозбудливо досега?!

To top