Љубов и Секс

Одржете ја вашата врска „топла“ и во зимските месеци

Одржете ја вашата врска „топла“ и во зимските месеци

Јануари и особено февруари немаат најдобра репутација, кога станува збор за среќата. Кусите денови и претерано студените ноќи, како и фактот дека летото е многу далеку, ги прават зимските месеци прилично депресивни. Но, што би можеле да направите за да се забавувате со партнерот во овој период и покрај бројните пречки?

  1. Забавувајте се во снегот

Излезете на снегот (или ако немате снег во местото каде што живеете, отидете на блиската планина или зимски центар) и скијајте, санкајте се, тепајте се со топки – што било што ќе го подигне нивото на ендорфин и следствено – ќе ви го подобри расположението.

Поврзана слика

  1. Купувајте додека имате сила

Отидете заедно на купување. Помогнете му на својот партнер (кому сигурно му е потребна помош), да одбере нешто убаво за себе. Тој ќе ја цени помошта и иако можеби ќе негодува за шетањето по продавници, сепак добро ќе му дојде времето поминато со вас.

Поврзана слика

  1. Телевизија

Изгледајте цела сезона од некоја серија заедно, за време на викендот. Ваквиот вид мрзливост бара вистинска посветеност и резултира со продлабочување на врската. Потоа, со недели ќе вадите цитати и ќе ја анализирате приказната, особено ако се работи за трилер или акциона приказна.

Поврзана слика

  1. Направете супа

Речиси е неизбежно некој од вас да настине во текот на овие незгодни зимски месеци. Во тој случај, другиот треба да направи сè што може да ја олесни маката, правејќи супи, цедејќи свеж сок и сл. Нормално, ако сте помеѓу оние среќни луѓе што нема да се разболат, истите овие нешта можете да ги правите заедно, за да го засилите имунитетот.

Резултат со слика за make soup couple

  1. Сексуално истражување

Поминете еден цел ден заедно во постела и истражувајте нови нешта што можете да си ги направите еден на друг. Ослободете ја имагинацијата. Ако ви недостига инспирација, гледајте еротски филм или побарајте нова поза во книга. Гарантирано ќе откриете нешто што многу ви се допаѓа, а за што, до сега не сте знаеле.

Резултат со слика за couple in bed

 

To top