Љубов и Секс

3 бизарни последици што можат да ви се случат после секс

3 бизарни последици што можат да ви се случат после секс

Без разлика дали се работи за секс за една ноќ или секс со вашиот долгодишен партнер, сексот може да има чудни последици.

Покрај многубројните сексуални болести, постојат помалку познати последици од сексот кои мажите и жените можат да ги почувствуваат после нивниот однос.

За некои од нив сме сигруни дека воопшто не ви се познати или ако сте ги имале, сигурно не сте помислиле дека се последица од сексот.

Мирис

Кога доживувате оргазам вашето тело ослободува пролактин, кој предизвикува да се активира центарот задолжен за мирис сместен во мозокот. После доживување на оргазам, пролактинот се зголемува за 400 %.

Емоции после секс

Сигурно после секс се чувствувате еуфоричи, опуштени, а во некои случаеви и поспани. Кај некои жени после секс можат да се појават потполно спротивни емоции како депресија, анксиозност или агресија. Во едно истражување се покажало дека речиси 46 % од жените ги имаат овие чувства. Можеби следниот пат мажите треба да размислат кога  ќе се одлучат да им завртат грб и да спијат.

“Секс за паметење” и “Секс за да заборавите”

Во одредени случаеви сексот може да биде феноменален, во некои пак треба што побрзо да се заборави. Постои случај каде една жена била примена во болница, откако имала секс со својот сопруг да добие амнезија. Всушност, тоа што се случило е дека таа доживеала транзиентна глобална амнезија која е многу ретка појава. Луѓето кои страдаат од ова пореметување не покажуваат никакви симптоми и често нивното паметење им се враќа после некоку часа.

извор:точка.мк
To top