Славниот холивудски актер Ричард Гир на 70 години ќе стане татко по вторпат.
Неговата 35 години помлада сопруга Александра Силва ја потврди бременоста и преку социјалните мрежи го покажа трудничкиот стомак.
Силва е трета сопруга на Гир, а ова ќе им биде прво заедничко дете.
-Пресреќна сум напиша таа во описот на фотографијата каде позира со стомакот во прв план.
View this post on Instagram
Како што пишуваа странските медиуми, актерот и публицистката биле во врска уште додека тој бил во брак со Кери Ловел.
Александра Силва е ќерка на Игнацио Силва, пораншен потпретседател за финансии на Реал Мадрид.
фото:инсатграм