Оние кои го преферираат BDSM (садизам и мазохизам) начинот на секс, имаат многу поголеми бенефити од она што изгледа. Психолозите од Универзитетот во Илиноис открија дека оние кои го практикуваат овој вид на секс може да се соочат со многу поголеми оргазми и задоволства.
Исто така, тие повеќе се внесуваат во улогата како потчинети или доминантни, во зависност од нивните желби и може да го доведат нивниот ум во таа состојба, со што мозокот станува покреативен и попродуктивен. Исто така, наодите покажале дека со садизам и мазохизам може да се намали физичкиот стрес и неговите негативни ефекти. Хм, кој би рекол?!
Истражувањето опфатило 14 искусни садо-мазо „играчи“ кои се идентификувале како потчинети или доминантни и ги замолиле да изглумат седум сцени, при што им ја тестирале состојбата на мозокот.
Доколку сакате да го практикувате овој секс, психологот Михаил Циксенр ве советува:
– Треба предизвиците да ги зголемите, а исто така и вашите способности. Сè што сакате правете го во обилни количини и зголемувајте ги предизвиците. Свирете пијано, работете напорно, сè што ве исполнува со цел да го доведете мозокот до таа состојба. Откако ќе стане интензивно и ќе го почувствувате чувството на екстаза, веднаш ќе се почувствувате задоволни. Истото правете го и во сексот.